“Го сакав како син, сега ја сакам како ќерка” Роберт де Ниро јавно ја поддржа ќерката која си го смени полот
Американскиот глумец Роберт де Ниро јавно ја поддржа својата ќерка Ајрин де Ниро, која неодамна објави дека си го променила полот од маж во жена.
– Го сакав и поддржував Арон како мој син, а сега ја сакам и ја поддржувам Ајрин како ќерка. Не знам зошто толку драма? Ги сакам сите мои деца, изјави тој за „Варајети“ (Variety).
Ајрин во неодамнешно интервју за списанието „Дем“ (Them) рече дека ниеден родител не е совршен, но дека им е благодарна на своите родители што ја држеле подалеку од очите на јавноста и ѝ дозволиле да има нормално детство. Таа зборуваше и за луѓето што ја инспирирале јавно да објави дека си направила транзиција. Меѓу нив е и Лаверн Кокс.
– Ги гледам трансродовите жени кои се искрени, отворени и успешни, особено во јавниот домен како што се социјалните медиуми. Помислив: „Знаеш што? Можеби не е предоцна за мене“, рече таа.
Ајрин е едно од седумте деца на Де Ниро. Меѓу нив се и Џија, Дре, Рафаел, Џулијан, Елиот и Хелен Грејс