ГОБ „8-ми Септември“: Немаме никаков финансиски проблем
Градската општа болница „8-ми Септември“ информира дека нема никаков финансиски проблем, ниту застој во нормалното функционирање, како што објавија некои медиуми.
Менаџментот на Градската општа болница „8-ми Септември“ ја информира јавноста дека болницата е спремна и подготвена во целост да пружи здравствена заштита на граѓаните во рамките на сите нејзини дејности.
„Болницата е опремена со сите современи и врвни медицински потрошни материјали и лекови, и нема никаков финансиски проблем, ниту застој во нормалното функционирање, како што беше презентирано од страна на Телевизија Телма. ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје и понатаму останува посветена и силно подготвена во борбата со ковид-19, како и со сите останати болести и состојби кои го нарушуваат човечкото здравје“, се наведува во реакцијата од Болницата.