Гоце Марков од Инфективна клиника: Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород

Статус на Гоце Марков, медицинско лице кој пристигна на помош во Инфкетивната клиника во Скопје од внатрешноста на државата.

-За браќата и сестрите мои скептици!! Не е грипче луѓе! Колку и да се пишува малку е… како да му објасниш некому колку брзо се уми ра?

Нема зборови! А јас мислев дека Бог ми подарил неговите чувства за да ги точам како вино низ моите усни?! Ден нулта-збунети ама без страв и напнатост чекам заедно со колегите запознавање со работата. Почнуваме!!

Ако овде е епицентарот на оваа напаст од болештина само тука е школата и само тука е борбата. А борбата за среќа или несреќа мене никогаш не ме одминала… Карма! Инфективна клиника звучи страшно ама не е до толку!

Работа е како и секоја друга. Само тука сме робови на протоколите и на ситните детали кои живот значат… Го гледам персоналот, исцрпен и на батерии, прегорен и согорен од уб иствената рутина…

Во животот, за моите години имам видено многу работи кои во друга професија се потребни векови… но ова е тука кај нас во Македонија и не е верно ама тоа е….

Што се случува тука? Тука Животот и См ртта се другари!? Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород и те гледаат на начин на кој стануваш ПОЧОВЕК!!

Да да борбата тука е за воздух! Уми рањето тука не е процес! Тука сите работат… Секој се дава максимално и малце повеќе од тоа.

Има терапија на тони, протоколи кои мора да се почитуваат и еден куп мали работи кои се еквивалент на Живот секоја посебно.

А јас мислев дека сум железно професионален оклоп…не било така!! Колку и да си имун нема шанси тука да не станеш Човек.

Тешко е…многу е тешко…но не поради работата без крај туку поради чувство да дадеш еден атом плус од тебе за да преживее другиот!

И секогаш кога си одиш по патот одалечувајќи се од Инфективната клиника се прашуваш дали си дал доволно од себе?!

По мене тука смените не е важно колку саати се туку колку се има завршено… А секогаш е малку! Затоа има луѓе кои бираат Дупки и луѓе кои го бираат Небото!!

А небото не е граница за храбрите да знаете! Тоа е само еден обичен почеток!

П.С. Се поклонувам пред сите колеги кои несебично се даваат во оваа невообичаена појава од болест! Се молам за душите на оние кои ја изгубиле битката, А апелирам на совесност и на човечност во почитувањето на мерките!

Не поради друг!! Поради Вашите родители, поради Вашите деца, поради Вашите Фамилии…

Back to top button
Close