Гоце Наумовски – професор на УКИМ и советник на Мицкоски ќе биде нов уставен судија
Професорот на Правен факултет Гоце Наумовски ќе биде нов уставен судија, пренесе тв24.

Наумовски доаѓа на предлог на Комисијата за избори и именување, а на 18-ти се очекува да биде исгласан и на седница.
Наумовски е професор на Правниот факултет, брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски и како што соопшти Владата надворешен советник на премиерот Христијан Мицкоски за правни работи.
Наумовски доаѓа на местото на професорката Јадранка Дабовиќ која си поднеде оставка од приватни причини






