Годишнина на македонската Агенција за разузнавање, претседателот Пендаровски беше запознат со хибридните закани


Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска оствари работна посета на Агенцијата за разузнавање, по повод 28–годишнината од нејзиното основање. За време на посетата, директорот на Агенцијата, Еролд Муслиу и раководниот состав го информираа Пендаровски за тековните и предвидените активности кои Агенцијата ги презема во согласност со нејзините надлежности, а во тие рамки за меѓународната соработка со сојузничките служби и заедничките оперативни проекти.

Во соопштението на АР се вели дека беа споделени информации за актуелните предизвици во областа на хибридните закани, со посебен акцент на заканите по сајбер безбедноста на државата и усогласените мерки за сајбер заштита со НАТО.

Како особено важен сегмент за натамошна модернизација на Агенцијата, беше нагласена потребата од континуирана безбедна дигитализација и градење заштитени технички капацитети. Пендаровски беше дополнително запознаен со состојбата за човечкиот потенцијал и капацитети на Агенцијата, тековниот одлив на кадар и со имплементирањето на специјализирани обуки за потребите на младиот состав на Агенцијата, соопшти АР.

Back to top button
Close