Годишниот извештај за детското престапништво за 2021 пред собраниската Комисија за политички систем


Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за надзор над безбедносните служби и Законодавно правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем се Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво за 2021 година, Посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања – Локални избори за избор на градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, градоначалник на Центар Жупа и Совет на Општина Тетово во 2022 година, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Комисијата за надзор над работата на безбедносните служби треба да го продолжи сослушувањето на сеге веќе поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски за случајот со давањето на македонско државјанство на Олександр Онишечнко, кој се наоѓа на црната листа на САД и се бара во Украина.

Back to top button
Close