Голем број излагачи на Саемот на книгата нема да работат поради годишнина од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад
Голем број излагачи на 68-от Меѓународен саем на книгата во Белград објавија дека денеска нема да работат поради годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 16 луѓе.

Меѓу издавачите кои нема да ги отворат своите штандови се „Лагуна“, „Пчелица“, „Чаробна књига“, „Штрик“ „Контраст“, „Суматра“, „Дерета“, „Доказ“,„Плато“, „Одисеја“, „Академска књига“, „Макондо“, „Отворена књига“, „Креативни центар“, „ЛОМ“ и други.
Од„Лагуна“ и „Делфи“ објавија дека саемот во Белград им се заканиле со финансиски казни на излагачите кои нема да работат на 1 ноември.
Учество на саемот претходно неколку издавачки куќи откажаа учество.
Организаторите на 68-от Саем на книгата објавија дека денеска ќе има бесплатен влез за секој посетител кој ќе донесе две книги, кои ќе бидат донирани на библиотеките во руралните средини на Србија.
Дел од парите од секој продаден билет денеска ќе ги донира Белградскиот саем на семејствата на жртвите од падот на бетонската настрешница во Нови Сад.
Поединечен билет чини 400 динари, а за групни посети чини 300 динари.






