Голем хендикеп за Хрватска: Перишиќ позитивен на тестот за коронавирус пред осминафиналето со Шпанија

– Хрватскиот фудбалски репрезентативец Иван Перишиќ има позитивен тест на коронавирус, се наведува на официјалната веб-страница на Хрватскиот фудбалски сојуз.

Медицинските служби на националниот тим го изолираа Перишиќ од другите членови на тимот. Триесет и двегодишниот фудбалер ќе помине 10 дена во самоизолација и нема да учествува на натпреварите на хрватската репрезентација. Сите други репрезентативци на „коцкестите“ имаа негативни тестови.

На трите натпревари од групната фаза, Перишиќ постигна два гола и направи една асистенција. Тој беше еден од најдобрите и затоа неговото отсуство е голем хендикеп за Хрватска која во осмина финалето на ЕВРО ќе се сретне со Шпанија.

Средбата ќе се одржи утре (28 јуни) во Копенхаген со почеток во 18 часот.

Back to top button
Close