Голем интерес за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ во Берово

Голем интерес на бизнис секторот од Берово за аплицирање за мерката 7 за „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. Како една од првите инфо ИПАРД станици, најголем интерес во рамки на инфо-денот присутните од Берово покажаа за начинот и потребната документација за аплицирање за оваа мерка која претежно ги опфаќа малите бизниси во развој.

– Претставници од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заедно со петставници  од Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, денеска во Берово присуствуваа во рамки на ИПАРД инфо денови, како една од првите општини опфатени со оваа активност. Дел од претставниците од бизнис заедницата покажа интерес за можноста за развој на нови производи во секторите  билни екстракти, зачини, колачи, производи од овошје, како и отворање на нови капацитети за развој на туризмот. Во помал обем имаше интерес и за зачувување и промоција на традиционалните занаети, информираа од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Оттаму посочија дека преку овој Јавен повик на располагање се вкупно 9,6 милиони евра, притоа напоменувајки дека висината на финансиската поддршка по корисник се движи од 1.500 до 1 милион евра, без вклучен данок на додадена вредноста, со повратот на инвестициите во висина до 65 отсто од вкупните прифатливи трошоци.
– Средства овој јавен повик  може да се инвестираат во Алтернативно земјоделско производство, Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:  Алкохолни производи од овошје и пиво, Колачи, тестенини и пекарски производи, Чај и билни екстракти, Зачини и билки, Слатководна риба, ракови и мекотели, како и Производство на не-прехранбени производи, Занаетчиски дејности, во согласност со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите, Обезбедување на услуги во земјоделството како и Развој на услуги за руралното население и Промоција на руралниот туризам, потенцираа од АФПЗРР.

Со срествата од оваа мерка од ИПАРД 2, како што наведоа, директно се  поттикнуваат вработувањата, а се зголемува и економската активност во руралните средини. Караванот на ИПАРД инфо-деновите што додадоа продолжува и во останатите општини во државата.

Back to top button
Close