Голем одрон на автопатот Скопје-Велес кај Катланово, сообраќајот се одвива по една лента

Голем одрон на карпи и земја се случи попладнево на автопатот Скопје-Велес, веднаш по тунелот Катланово.

Поради тоа, сообраќајот се одвива отежнато и само по една лента, соопшти АМСМ.

Надлежните екипи работат на расчистување на одронот.

Возачите се повикуваат на зголемено внимание и прилагодување на брзината според условите на патот.

Back to top button
Close