Голем пад на превозот на стока во камиони во првото тримесечје од 2025
Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во првото тримесечје од 2025 година е намалено за 12.0 % во однос на истото тримесечје од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2025 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 962 илјади, во градско-приградскиот превоз 8 882 илјади, во железничкиот превоз 61 илјада, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 631 180.
Во првото тримесечје од 2025 година, во споредба со првото тримесечје од 2024 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e намалено за 12.0 %, во железничкиот превоз е намалено за 21.9%, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 1.6%.
Превезени патници во патниот патнички превоз: 962 илјади
– градско-приградски превоз: 8 882 илјади
– железнички превоз: 61 илјада
– воздухопловен превоз: 631 180
Количество на превезена стока
– товарен патен превоз: -12.0 %
– железнички превоз: -21.9 %
– воздухопловен превоз: – 1.6 %.