Голем пожар на хрватскиот остров Вис: изгореа повеќе од 300 хектари

Големиот пожар на отворен простор на хрватскиот остров Вис, во подрачјето Подхумље кај Комижа, е ставен под контрола, соопшти Хрватската противпожарна заедница.

Пожарот избувнал во неделата доцна навечер, а според првичните проценки, огнот зафатил трева, ниска вегетација и шума на површина поголема од 300 хектари.

Во текот на ноќта било организирано обезбедување и дежурство на пожариштето за да се спречи повторно активирање на огнот.

Во гаснењето учествувале вкупно 105 пожарникари со 24 противпожарни возила од повеќе противпожарни единици од Сплитско-далматинската жупанија.

Од воздух, во акцијата биле вклучени и четири авиони „Канадер CL-415“ и два авиони „Ер трактор“, кои помогнале во локализирањето на пожарот.

Back to top button
Close