Голем пожар попладнево беснее во отпад за автомобили во Куманово

Голем пожар попладнево беснее во отпад за автомобили во Куманово, на улицата „Индустриска“ информираат надлежните од територијалната противпожарна единица во градот. На пожарот попладнево, интервенирале три противпожарни возила.

– Во моментов, пожарот е ставен под контрола. На терен сме две екипи, со две противпожарни возила. Пожарот е локализиран и наскоро целосно ќе биде изгаснат. Горат каросерии од стари автомобили и во околината сува трева, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожарот е видлив насекаде од повисоко од градот. На истата локација имаше пожар на 23-ти јуни годинава, тогаш го гасеа пет противпожарни возила, а кумановци се жалеа на неподносливата миризба.

извор: Локално.мк

Back to top button
Close