Голем пожар во кичевско, на терен три хеликоптери, војници и пожарникари од Скопје!
Денес, околу 14:00 часот, избувна голем пожар помеѓу селата Челопејци и Миокази, во Кичевско, Општина Вранешница.
На терен интервенираат 35 војници на АРМ со три пинц-гауери, како и воздушна поддршка од два хеликоптери на МВР и еден хеликоптер на АРМ.
Дополнително, упатени се две возила од БППЗ на Град Скопје и друга копнена поддршка.