Голем пожар во магацини во Струмица – се отвора лимен кров за да излезе чадот!,
Денес, (четврток) 02.10.2025 година во 17.25 часот, во кругот на ЈПКД Комуналец во објектите кои се користат како магацини избувна голем пожар. Веднаш беа испратени 4 ПП возила и 15 пожарникари-спасители, објави 4NEWS.mk
Пожарот беше во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење. Беше побарано од страна на ЕВН да се исклучи струјата поради голема опасност за животите на пожарникарите-спасители кои беа навлезени длабоко во магацинските простории и го гасеа пожарот.
Друг тим во исклучително тешки и опасни околности заради дождот што врнеше изврши отварање на лимениот кров и овозможи обезчадување на просториите.
Пожарот е локализиран и ликвидиран, на лице место сеуште дежури еден тим заради целосна контрола. Причинета е голема материјална штета.