Голем пожар во продавница за пиротехника во Ростов

Голем пожар избувна во продавница за пиротехника во трговски центар во градот Ростов на Дон, јужна Русија, соопшти регионалната канцеларија на руското Министерство за вонредни ситуации.

– Огнот се прошири на повеќе од 4.000 квадратни метри од трговскиот центар, соопшти прес-службата на надлежното Министерство.

Пожарот прво зафати површина од само 200 квадратни метри, но брзо се прошири на 3.000 квадратни метри.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 90 пожарникари со 66 противпожарни апарати, а сè уште постои опасност од понатамошно ширење на пожарот

Back to top button
Close