Голем пожар во Сплит, гори магацин со гуми
Триесет пожарникари од Сплит гаснат голем пожар кој избувна во магацин за автомобилски гуми во месноста Дујмовача, информираат пожарникарите и полицијата.

На терен се 30 пожарникари со десет возила од ЈВП Сплит, ДВД Сплит, Солин и Врањиќ, јавија сплитски медиуми.
Засега не е познато што го предизвикало пожарот.






