Голем шумски пожар на грчкиот остров Евија  

– Голем шумски пожар изби претпладнево во јужниот дел на грчкиот остров Евија, а силниот ветер го отежнува гаснењето, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми, засега, населените места не се во директна опасност од пожарот, но жителите на едно село биле известени да бидат подготвени за евакуација, доколку е потребно.

Од Противпожарната служба на Грција речиси двојно ги зголемија силите со кои се справуваат со огнените јазици и интервенираат вкупно 82 пожарникари со 28 возила, три пешадиски тима, четири авиони и пет хеликоптери.

Back to top button
Close