Голема акција на полицијата: Приведени се пет лица поради тепачка во автобус на ЈСП

 

Полициски службеници привеле пет лица кои предизвикале инцидент во автобусот со број 57.

„На 13.11.2022 во 01.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Л.Б.(18), Б.М.(19), В.Х.(19) и уште двајца малолетници, сите од Скопје, затоа што Т.Т.(46), И.М. (47), Л.Ѓ. (50) и Т.Ѓ. (43) сите од Скопје пријавиле дека околу 00.40 часот нивните четири малолетни синови во автобус бр.57, во населба Чаир, Скопје на автобуска постојка физички биле нападнати од пријавените“, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Back to top button
Close