Полициска акција во Струмичко, меѓу уапсените и поранешен градоначалник

Големо полициско присуство утрово во Струмичко.

Според информаците на Република.мк, уапсени се повеќе лица меѓу кои и поранешен градоначалник на стружичко село на  кој во минатото бил обвинет за повеќе кривични дела меѓу кои криумчарење цигари преку македонско-бугарската граница.

Се чекаат официјалните информации за акцијата од МВР.

Боро Стојчев е поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше осуден за шверц со цигари. Тој во во јули 2018 заедно со уште четири лица, додека ја извршуваше функцијата градоначалник, беше фатен при обид за шверц на цигари во близина на македонско-бугарската граница. Стојчев за ова беше осуден на 18 месеци затвор, а подоцна казната беше намалена на 9 месеци. Во 2020 година фирмата Еено-енерџи на Виктор Стојчев, синот на Боро Стојчев доби лиценца за одгледување канабис.

По неколкумесечната затворска казна во 2019 и 2020 го прошири својот бизнис во енергетскиот сектор но и со отворање на фирми и фабрики за одгледување на марихуана по претходно издадени лиценци од Владата.

Според информациите, производството на марихуаната завршувало на црниот пазар во Македонија но и пошироко во регионот

Back to top button
Close