Голема бура остави без електрична енергија повеќе од еден милион домаќинства во Тексас
Повеќе од милион домови и деловни објекти синоќа останаа без електрична енергија во американската сојузна држава Тексас, поради силните бури и град.

Во невремето што пред два дена погоди делови од САД загинаа 25 лица.
За време на викендот пријавени се неколку смртни случаи во Тексас, Оклахома, Арканзас, Мисури, Кентаки, Северна Каролина и Вирџинија






