Голема грчка компанија е заинтересирана да инвестира 200 милиони евра во С Македонија, вели Дендиас

Двајцата шефови на дипломатиите на заедничка прес-конференција ја пофалија економската соработка помеѓу двете земји, а посебно ги истакнаа и проектите од областа на енергетиката, како што е терминалот за течен природен гас во Александрополис. Не само на Европа, туку и на Балканот, рече Османи, му е потребна зајакнување на отпорноста од енергетската условеност

Економската размена помеѓу Северна Македонија и Грција во 2021 година достигнала нешто повеќе од 930 милиони евра, а ако се земат предвид податоците од првиот квартал годинава кога таа изнесува повеќе од 350 милиони евра за очекување е дека 2022 година ќе се надмине бројката од една милијарда евра.

Ваквите податоци денеска на заедничка прес-конференција во Скопје ги посочија и поздравија министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и Никос Дендиас.

Дендиас откри и дека голема грчка компанија е заинтересирана да инвестира 200 милиони евра во станица за производство на струја.

„Има голем интерес на голема грчка компанија да инвестира во Северна Македонија, за инвестиција која се однесува на станица за производство на електрична енергија. Инвестицијата е во ранг од 200 милиони евра“,
рече Дендиас.
Тие зборуваа и за останати проекти во енергетиката при што грчкиот министер посочи дека Грција сака да ја поддржи енергетската независност на Северна Македонија.

Двајцата шефови на дипломатиите на заедничка прес-конференција ја пофалија економската соработка помеѓу двете земји, а посебно ги истакнаа и проектите од областа на енергетиката, како што е терминалот за течен природен гас во Александрополис. Не само на Европа, туку и на Балканот, рече Османи, му е потребна зајакнување на отпорноста од енергетската условеност

Економската размена помеѓу Северна Македонија и Грција во 2021 година достигнала нешто повеќе од 930 милиони евра, а ако се земат предвид податоците од првиот квартал годинава кога таа изнесува повеќе од 350 милиони евра за очекување е дека 2022 година ќе се надмине бројката од една милијарда евра.

Ваквите податоци денеска на заедничка прес-конференција во Скопје ги посочија и поздравија министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и Никос Дендиас.

Дендиас откри и дека голема грчка компанија е заинтересирана да инвестира 200 милиони евра во станица за производство на струја.

„Има голем интерес на голема грчка компанија да инвестира во Северна Македонија, за инвестиција која се однесува на станица за производство на електрична енергија. Инвестицијата е во ранг од 200 милиони евра“,рече Дендиас.
Тие зборуваа и за останати проекти во енергетиката при што грчкиот министер посочи дека Грција сака да ја поддржи енергетската независност на Северна Македонија.

Двајцата министри го поздравија и проектот за терминал за течен природен гас во Александрополис, чија изградба започна минатиот месец.

„На почетокот на овој месец започна изградбата на терминалот за течен природен гас во Александрополис која се очекува да заврши кон крајот на следната година. Заедно со другите проекти кои се предвидени како што се гасоводот, нафтоводот и интерконекторот активно се работи на подобрување на енергетската поврзаност меѓу двете земји што пак претставува основа и за регионалната соработка во областа на енергетиката. И тоа е важно, не само како предуслов за економскиот развој туку и за идната безбедносна архитектура на регионот. Не само на Европа, туку и на Балканот му е потребна зајакнување на отпорноста од енергетската условеност“,
.

рече Османи кој нагласи и дека Грција е четвртиот најголем економски партнер на земјава.

 

Back to top button
Close