Голема измама во 15 земји во Европа: Лажни лекови продавани како терапии за тешки болести

Властите од 15 земји разбија голема криминална група која измамувала жртви низ Европа и пошироко, продавајќи лажни додатоци во исхраната и лекови за сериозни болести, соопшти агенцијата на ЕУ „Евроџаст“.

Заедничката операција на 12 мај резултирала со собирање важни докази, притворање на дел од клучните членови на групата и запленување големи количини додатоци во исхраната. Се сомнева дека групата остварила најмалку 240 милиони евра промет.

Властите извршиле претреси на 113 локации во Бугарија, Грција, Унгарија, Полска, Романија и Молдавија. Биле побарани докази од компании во осум земји, а досега се испитани 23 сведоци.

Во Грција била спроведена рација во логистичка компанија во регионот Атика.

Во Полска биле замрзнати средства во вредност од 1,8 милиони евра.

Од 2019 година, групата основала компании преку кои продавала неовластени додатоци во исхраната, пласирајќи над 400 различни производи. Мрежата користела стотици веб-страници и профили на социјални мрежи, често злоупотребувајќи имиња и фотографии на познати личности и лажни лекари за да ги измами жртвите во ЕУ и пошироко.

Кога жртвите ќе пополнеле формулар на веб-страниците, криминалната група ги контактирала преку оператори од кол-центри кои се претставувале како лекари или медицински специјалисти. Тие лажно тврделе дека производите се вистински лекови за тешки и неизлечиви болести.

Додатоците што ги продавала групата немале никаков медицински ефект и содржеле слични состојки, иако биле рекламирани како третмани за различни болести. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close