Голема полициска акција во Србија против криминалци на повеќе од 30 локации низ државата

Во Србија во тек е голема акција на апсења од страна на Управата за криминалистичка полиција со специјални сили на Специјалната антитерористичка единица на повеќе од 30 локации, јави РТС.

Синхронизираната обемна акција на членовите на УКП е насочена кон сузбивање на организиран криминал и други тешки кривични дела.

Белградски медиуми јавија дека таа акција е насочена кон членови на врачарски клан и членови на криминални групи со кои тие соработуваат.

Акцијата за апсење ја спроведува надлежното обвинителство во соработка со Евроџаст.

Дел од таканаречениот клан Врачар на чело со Никола Вушовиќ, познат како Џони од Врачар, е обвинет за три убиства и пет обиди за убиства. Вушовиќ беше уапсен во Барселона, а потоа екстрадиран во Австрија, каде што беше осуден на 12 години затвор за планирање убиство на член на друг клан.

Back to top button
Close