Големи гужви на Богородица, за влез во Македонија се чека и до четири часа

Големи колони возила вечерва се забележуваат на граничниот премин Богородица, на влез во Македонија од Грција. Според информации од патници кои се наоѓаат на преминот, за влез во земјава се чека околу три и пол до четири часа.
На фотографиите од терен се гледаат долги колони од автомобили и автобуси пред граничните контроли.
Сообраќајот се одвива забавено, а дел од патниците со часови чекаат за да ја преминат границата и да влезат во Македонија.
Информацијата за времето на чекање е од патници кои во моментов се на граничниот премин






