Големо невреме го зафати Загреб – летаа ролетни и фасади

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и им ги кине ролетните на луѓето. Грми, врне и дува силно низ целиот град.

Најголема штета е направена во областа Нови Загреб, каде што ветерот откорна ролетни, оштети покрив на училиште и собори дрвја врз автомобили.
 
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и Далмација, додека жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.

Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера

 

Back to top button
Close