Големо невреме во Франција, меѓу загинатите и 12-годишно момче
Најмалку две лица загинаа, а пријавени се значителни штети низ цела Франција откако силни бури го зафатија поголемиот дел од земјата синоќа, соопштија властите.
Дванаесетгодишно момче почина во градот Пикекос, кога врз него падна дрво додека со семејството го напушташе подрачјето погодено од бурата, пишува BFM.
Во департманот Мајен, маж кој возел мотоцикл загинал кога дрво паднало на патот, потврди извор близок до истрагата.