Голманот Гогов го продолжи договорот со Вардар 1961
Двократниот европски првак Вардар 1961 потпиша денеска нов договор со македонскиот голман Васил Гогов и тој ќе остане дел од „црвено-црните“ најмалку до јуни 2027 година.
„Актуелниот договор на Гогов истекува во јуни 2026, но задоволен од неговите настапи, клубот веднаш одлчи да му понуди продолжување“, се наведува во клупското соопштение.
Гогов, кој од 2019 година е дел од Вардар веќе неколку сезони е дел од првиот тим, сериозно се наметна како важен дел од голманската линија на Вардар. Во изминатата сезона доби сè поголема минутажа, што ја оправдува со доби настапи.
„Васил покажа дека има квалитет и карактер за Вардар. Неговиот напредок е очигледен и со нетрпение очекуваме да продолжи да расте во нашиот дрес“, соопшти Вардар 1961.