Голманот на Холандија, Силесен, ќе го пропушти ЕП поради коронавирус

Голманот на Холандија, Јаспер Силесен ќе го пропушти Европското првенство, откако му е дијагностициран коронавирус, пренесува „Де Телеграф“.

Холандскиот голман беше позитивен на КОВИД-19. Членот на шпанска Валенсија отиде во самоизолација.

Холандија е еден од ривалите на македонската репрезентација во групата Ц. Другите две репрезентации во групата се Украина и Австрија.

Холандија своите натпревари ќе ги игра во Амстердам.

Back to top button
Close