Голомразица на патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно – заглавени повеќе возила
РЦУК Скопје известува дека од општина Карпош добиле информација во која се наведува дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно во моментов не е безбеден за движење со моторно возило и апелираат истиот да не се користи поради голомразица.
„Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот. Истите известуваат дека надлежен за одржување на овој пат е ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, но за жал досега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот. Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување по истиот со возило е на ризик на возачот на возилото“, стои во соопштението на ЦУК.