Гонзалес Лаја: Шпанија е безбедна и за Шпанците и за туристите

– Шпанските власти тврдат дека пандемијата на коронавирусот во земјата е под контрола, откако Велика Британија воведе задолжителен карантин за сите туристи кои се враќаат од неа.

Неодмана дојде до драстично зголемување на бројот на заразени со коронавирус во Шпанија, откако властите ги олабавија рестриктивните мерки за борба против пандемијата. Некои региони во земјата сега повторно воведоа одредени мерки на ограничување за да се спречи ширењето на вирусот, вклучително и задолжителното носење маски.

-Шпанија е безбедна и за Шпанците и за туристите, рече министерката за надворешни работи Аранча Гонзалез Лаја.

Велика Британија воведе задолжителен двонеделен карантин за сите оние кои доаѓаат од Шпанија. Оваа одлука стапи во сила денеска, само неколку часа по објавувањето, што предизвика незадоволство кај туристите и туристичките агенции. Одлуката значително влијаеше и на работата на авиокомпаниите.

Најголемиот британски тур-оператор Туи ги откажа сите патувања кон шпанското копно до 9 август, додека „Бритиш ервејс“ се уште лета на досегашните дестинации, но истакнува дека новата владина мерка значително ги наруши плановите за одмор на илјадници Британци.

Според Би-Би-Си, во последните две недели дојде до тројно зголемување на бројот на случаи со Ковид-19 во оваа земја. Како и во другите земји каде епидемиолошката состојба се влошува, зголемувањето на бројот на нови инфекции во голема мерка е ограничено на неколку региони, вклучувајќи ги покраините Каталонија и Арагон.

Шефицата на шпанската диломатија изјави дека жариштата на заразата во земјата се под целосна контрола, и дека нивната појава се очекува по укинувањето на рестриктивните мерки.

Таа додаде дека Канарските и Балеарските острови, кои се популарна туристичка дестинација за туристите, немаат голем број на заболени и дека се „многу безбедни територии“.

Министерката, исто така, кажа дека властите ќе се обидат да ја убедат Велика Британија да ја укине одлуката за задолжителен карантин за луѓето кои се враќаат од Шпанија. сд/

Back to top button
Close