Горан Благоев, историчар од Софија: Коските на цар Самоил треба да се погребат во Мала Преспа
Бугарскиот новинар и историчар Горан Благоев во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека на свеченоста на враќањето на дел од коските на Цар Самуил во Софија, требаше да бидат поканети македонски челници, како поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова. Меѓутоа, според Благоев, местото на почивањето на коските на Цар Самуил не е Софија, туку Мала Преспа.

Таму владеел Цар Самоил, до Мала Преспа достигнувала Самуилова Бугарија или државата на Цар Самоил, таму е погребан, таква му била е желбата. Во соседното село Герман е спомен плочата која ја поставил Самуил во сеќавање на својот татко Никола, за мајка му Рипсинија и најстариот брат Давид, рече Благоев.
Во емисијата Благоев ги сподели реакциите на бугарската интелектуална јавност, која реагира на тоа што отстапените бугарски артефакти на Грција не се отпишани од Археолошкиот музеј на Бугарија и многу интелектуалци сега се прашуваат што уште ќе побараат Грците да им се даде. Во моментов се собираат потписи од професори и интелектуалци, со кои се бара од бугарската влада да одговори по кои списоци се вратени артехактите, бидејќи, како што рече Благоев, бугарската влада е нетранспарентна во однос на артехактите.






