Горан Милевски оди за амбасадор во Љубљана, Едмонд Адеми во Мадрид, потврди Османи

Поранешниот министер за локална самоуправа Горан Милевски ќе замине за амбасадор на Северна Македонија во Љубљана, Словенија, а ексминистерот без ресор задолжен за дијаспората Едмон Адеми ќе ја заземе амбасадорската позиција во Мадрид, Шпанија.

 

За нивните амбасадорски позиции се шпекулираше веќе извесен период, а денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи потврди дека за нив се добиени и агремани од двете земји.

 

Back to top button
Close