Горан Мисовски и Фадил Зендели предложени за потпретседатели на Собранието

Предлозите, според информациите од Собранието, се Горан Мисовски од НСДП, кој и во претходниот собраниски состав беше на оваа функција и Фадил Зендели од Беса.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, а засега нема ниту предлог од Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека нема да гласаат за предлозите за потпретседатели на Собранието. ев/

Back to top button
Close