Горан Стојковски-Диро како независен ќе „трча“ за градоначалник на Куманово
На Максим Димитриевски од ЗНАМ и Костовски од СДСМ, во трката за градоначалник на Куманово им се придружува и Горан Стојковски-Диро кој на локалните избори ќе трча како независен кандидат.
Тој вчера заедно со носителот и дел од кандидатите за советници ја презентираше кандидатурата за граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“.
Стојковски пред градскиот часовник во Куманово најави решавање на пет клучни проблеми во градот, чист град, системско управување со отпад уреден град, одржување на сигнализација, функционален, нови паркинг места, велосипедска инфраструктура, безбеден град, нови паркинг места, јавен превоз, поддршка за култура, уметност, спорт.
Стојковски по професија е правник и работи во Секторот за урбанизам во Општина Куманово, два мандати беше директор на ЈП “Водовод”, откако дојде од приватната фирма.