Горат гуми кај обиколницата во Бутел, на терен се пожарникари

Преку единствениот број за итни случаи Е-112 денес е добиена пријава за пожар на гуми во скопската населба Бутел, во близина на обиколницата, на потегот кај улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ и клучката Радишани.
По добиената пријава, веднаш е известена Бригадата за противпожарна заштита, која треба да интервенира на терен.
Засега нема информации за евентуално проширување на пожарот или за причинетата материјална штета.
Надлежните служби ја следат состојбата и се очекуваат повеќе информации по завршувањето на интервенцијата.






