Гореше стан во Струмица, пожарникарите пронашле едно починато лице

Трагичен инцидент вчера попладне ја потресе Струмица, откако избувна пожар во стан на четврти кат од колективна станбена зграда на улицата „Б.Ј. Мучето“.

Екипите на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенирале со три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители. За време на интервенцијата, за жал, во зафатениот стан било пронајдено едно починато лице.

 

Сите останати станови беа заштитени од огнената стихија, а жителите на зградата биле безбедно евакуирани и нема повредени.

Причините за настанувањето на пожарот, како и околностите под кои починало лицето, се предмет на истрага на надлежните институции.

Надлежните апелираат до граѓаните на зголемена внимателност, особено во летниот период кога ризикот од пожари е значително зголемен

Back to top button
Close