Гори автомобил среде улица во Скопје (ФОТО)
Гори автомобил среде улица, на влезот во таканаречената „Пластичарска“ во Скопје.

Од видеото што го објави ТВ21, може да се види дека возилото гори на улицата „Македонско-косовска бригада“, односно на раскрсницата помеѓу оваа улица, булеварот „Никола Карев“ и улицата „Славеј Планина“ во Скопјe.
На местото на настанот интервенираше и противпожарно возило. Сè уште нема официјални информации за причината на пожарот и дали има повредени






