Гори дива депонија покрај железничката пруга во Долно Лисиче

Во скопската населба Долно Лисиче денеска избувна пожар на дива депонија лоцирана покрај железничката пруга, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пријавата за пожарот била примена преку Единствениот број за итни случаи 112 во 11:26 часот, по што веднаш биле ангажирани надлежните служби.

На терен интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на локализирање и гаснење на огнената стихија.

Засега нема информации за повредени лица или за евентуална материјална штета. Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Back to top button
Close