Гори и кај Катланово, поради пожарот населението е неколку часа без струја

Гори и кај Катланово, поради пожарот населението е неколку часа без струја

Како што пренесе Канал 5, со огнот е зафатена голема површина после тунелот во насока кон Скопје. Поради пожарот во Катланово, како што дознаваме повеќе од два часа нема струја.

Во текот на денешниот ден на територијата на Македонија се регистрирани повеќе пожари, а поради тоа беше затворен и граничниот премин Меџитлија кон Грција.

До 18 часот евидентирани се вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни, четири се под контрола и 11 изгаснати.

Како што информираат од ЦУК активни пожари има во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино (планината Голем Готен и Малешевските планини , каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – селата Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница и кон границата со Грција (мешана шума), Прилеп и Кавадарци – помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен, Галиште и Трстеник (мешана шума и ниска вегетација), Македонски Брод – помеѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума и грмушки, Желино – помеѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума),Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума), Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Ругинце (ниска вегетација), Битола – с. Велушина (ниска вегетација), Битола 2 – с. Миџитлија (ниска вегетација), Кичево – с. Горно Трско (ниска вегетација и ниска шума), Македонска Каменица – с. Косевица (борова шума), Струга – с. Ново Село и с. Делогожда (ниска вегетација и стрниште), Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева),Петровец – с. Ржаничино (ниска вегетација).

Пожарите кај Македонски Брод 1 и кај Петровец се ставени под контрола.

Back to top button
Close