Гори кај селото Перово на брегот на Преспанското Езеро

Голем пожар избувна попладнево кај селото Перово на брегот на Преспанското Езеро, информира Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Во видео-обраќање до медиумите рече дека е на пат кон Преспа, посочувајќи дека овој пожар, освен за селото Перово, претставуваше опасност и за околните села.

 

„Пожарот што изби кај селото Перово на брегот на Преспанското Езеро зафати поголема површина на трска. Поради ветрот се ширеше со голема брзина кон селото. Но, пожарникарите и локалното население го локализираа пожарот и тој веќе не претставува опасност за селото Перово“вели Ангелов.

Во гаснењето на пожарот се приклучи еден „ертрактор“ на ДЗС, кој полни вода од езерото, а набргу ќе му се придружи и другиот.

„‘Етракторот‘ ја пресече линијата на огнот и им помага на силите што гаснат од земја да воспостават целосна контрола врз овој тежок пожар што се закануваше на повеќе села“кажа тој.

Пожар што изби попладнево во Преспа е во близина на местото каде што гореше и пред неколку дена.

Back to top button
Close