Гори производствен погон на влезот во Неготино, пожарникарите на терен

Гори производствен погон што се наоѓа на влезот во Неготино, од страната од кај автопатот Скопје-Гевгелија.

Од Територијалната противпожарна единица потврдија за МИА, дека во моментов пожарникарите се на терен и интервенираат во гаснење на пожарот.
Оттаму нагласија дека засега не можат да дадат повеќе детали за пожарот

Back to top button
Close