Горнореспираторните инфекции се честа проблематика  во амбулантите

Најчесто почнува како настинка која во ладните денови преминува во горнореспираторни инфекции. Симптоми на кои сме привикнале низ годините и кои се лесно препознатливи – затнат нос, носна секреција, болка во грло, болка при голтање, болка во увото, кашлица предизвикана од иритација на грлото, главоболки… Но годинава, со ширењето на корона вирусната инфекција, пациентите се соочија со една ситуација во која повеќето симптоми на корона вирусната инфекција се развиваа во горните дишни патишта, и се без малку идентични со симптомите на горнореспираторните инфекции. Доктор Билјана Трифуновска, оториноларинголог вели дека јасна дистинкција меѓу двете болести нема, поради што се прават дополнителни тестирања.

„Изминатите години корона вирусот беше доминантен во амбулантите, но сега повторно зачестија и горнореспираторните инфекции. Тоа само го отежнува дијагностирањето, бидејќи корона вирусната инфекција дава знаци од горнореспираторниот тракт. Симптоми кои се многу слични со сезонските вируси, но со редовна температурата и карактеристични силни болки во мускулите. Само откако ќе направиме серолошко испитување можеме да бидеме 100 проценти сигурни дали е горнореспираторна инфекција. Се разбира претходно правиме и крвна слика и комплетен оториноларинголошки преглед “, објаснува Др.Трифуновска.

Главниот влез за сите микроорганизми е носот, кој има и значајна заштитна функција, и нарушување на неговите функции влијае на сите околни структури – параназални синуси, увото, грлото, ждрелото, белите дробови, па дури и срцето.

Но како да се превенираат горнореспираторните инфекции и што да се стори кога тестот потврдува сезонски вирус?

Праксата покажува дека покрај користењето мултивитамини, за подобрување на имунитетот помагаат и здравата исхрана, спортувањето и честа лаважа на носната шуплина (секојдневно чистење на носната слузница со физиолошки раствор).

Ако сепак дојде до горнореспираторна инфекција и таа е предизвикана од вирус, лекувањето може да помине без антибиотици. Препораката е користење на лекови кои се продаваат без рецепт, една од комбинациите која се покажала одлично е комбинацијата на ибупрофен  и псеудоефедрин. Според докторите  идеална комбинација затоа што ги намалува симптомите на воспалението во носната и усната шуплини, дозволува лесен проток на воздух и ја намалува болката. Овие таблетки може да се користат во првите денови на настинка и да се направи успешно олеснување на симптомите.

Во случај на бактериска горнореспираторна инфекција се користи антибиотска терапија, која лекарите внимателно ја одбираат и во зависност од типот на бактеријата која ја предизвикува инфекцијата. Со оваа терапија се препорачува користење на пробиотик, докажана пробиотска комбинација е комбинацијата на Saccharomyces boulardii и Bifidobacterium bifidum, заедно со  вклучен и цинк. Употребата на ваков пробиотик помага за подобрување на имунитетот на целиот организам. Според најновите клинички истражувања овие комбинации на пробиотик се препорачуваат и при лекување на алергиски ринити и атописки дерматити.

-комерцијална објава-

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close