ГОСПОДИН ЧОВЕК
Во пресрет на Денот на независноста 8 Септември, се потсетив на едно интервју што за нашата редакција го даде покојната Ратка Димитрова во 2016, кога славевме 25 години од прогласувањето независна македонска држава. Госпоѓата Димитрова беше координаторка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на Собранието на независна Република Македонија од 1991 до 1994. Потсетувајќи нѐ на тие возбудливи години, таа интервјуто го заврши со зборовите: „Жалам поради тоа што сега не постои човек кој искрено од говорница ќе каже на некого од опозицијата: Па јас татко ти го знам, вие сте наши деца, а и не се разликуваме толку многу во ставовите“.
На оваа емотивна забелешка на почитуваната госпоѓа Димитрова се присетив кога слушнав на кој начин премиерот Христијан Мицкоски му се заблагодари на поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи при промоцијата на нова странска инвестиција. Договорот со германската фирма за литиумски батерии го потпишал сдсмовецот Битиќи во септември минатата година, а еве, овој септември му падна честа на вмровецот Мицкоски да го стави камен-темелникот. При што, Мицкоски рече: „Фатмир Битиќи кажа тој е тој којшто ја донел, па еве јас од мое име да му се заблагодарам затоа што процесот го водел до каде што го водел, жалам што не успеал да го заврши до крај“. И, наместо да заврши тука, продолжи: „Претпоставувам не успеал да ги убеди граѓаните како што еве ги убедувал неговите сопартијци на осми мај, па доживеа дебакл каков што доживеа“.
Е што благодарност беше тоа? Толку ли Мицкоски не може да се издигне над ситуацијата, па мораше и благодарноста за една инвестиција да ја претвори во потсмев? Од каде му извира потребата постојано да го повторува тоа дека победил? Уште ли не може да си поверува дека е премиер?
Па ако е за честитање, честитај. Ако е за благодарност, заблагодари се, не се потсмевај. Биди господин. Ако е за фалење, пофали. Така ќе оставиш простор утре и тебе да те пофалат. Господин човек
Kолумната на следниот линк