Гости на свадба се тепале пред мотел во Подмоље

Тепачка во која учествувале повеќе лица се случила ноќеска пред угостителски објект кај Подмоље.
Лицата кои учествувале во тепачката биле гости на свадба која се одржувала во објектот, а до тепачката дошло надвор од салата каде биал свадбата, и гостите се тепале на патот кој е во градба.
„Почна викање, дерење, и после почнаа да се тепет. Имаше и мажи и жени. Ко збудалени, со викање со пиштење. Изгледат пеа ќори пијани, а не знам шо им стана и на жените шо врескаја“ – вели очевидец за Охрид1.
Интервенирала и полицијата која привела и сослушала поголем дел од учесниците во инцидентот и се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close