Гостиварец измамен за сума од 26.000 денари, на друг му биле злоупотребени личните податоци
Во одделението за внатрешни работи (ОВР) Гостивар во текот на вчерашниот ден 42-годишник од Гостивар пријавил дека били измамен за сума од 26.000 денари која без негова согласност била подигната од неговата платежна картичка, а 72-годишник од истиот град пријавил дека при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година, кои тој никогаш не ги подигнал.

-Во ОВР Гостивар вчера 42-годишник од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 26.000 денари. Според пријавеното, тој добил СМС порака со линк наводно на „Пошта на Северна Македонија“ за ажурирање на податоци за достава на пакет. Како што е пријавено, верувајќи дека се работи за негова претходна нарачка, тој ги внел податоците од својата платежна картичка на лажната веб страница и набргу потоа од неговата сметка биле извршени пет трансакции кон различни субјекти, без негова согласност, по што сфатил дека е измамен, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
-Во ОВР Гостивар вчера 72-годишник од Гостивар пријавил дека му биле злоупотребени неговите лични податоци. Според пријавеното, при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи, тој забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година, кои тој никогаш не ги подигнал. Како што е пријавено, тој се сомнева дека вработени во спортска обложувалница ги искористиле неговите податоци од лична карта за да исплаќаат добивки на трети лица и поради овие фиктивни приходи тој се соочил и со финансиски кратења на неговата пензија во Италија, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






