Готов е обдукцискиот наод за бебето на ГАК, директорката го викнала таткото во канцеларија да му го презентираат педијатрите
Директорката на Клиниката за гинекологија д-р Ирена Алексиоска Папестиев денеска му се јавила на таткото на починатото новороденче Јасир Иљази, да го информира дека обдукцискиот наод за неговото починато бебе е готов и дека педијатри ќе му го презентираат на Клиниката, со напомена дека началничката не била на работа, пренесе Слободен печат.

Началничката инаку, е д-р Елизабета Петковска – истата докторка која во внатрешна пријава до директорката на ГАК уште пред 2 месеци посочила за својата колешка д-р Емилија Бадева дека „на дежурство сторила тежок професионален прекршок“ односно како што е наведено во пријавата „несоодветно лекување и предизвикување на компликации што довеле до смрт на машко касно прематурно новороденче“.
…






