Граѓани кои протестирале во Ореовец против ископ на „Бехтел и Енка“, добиле казни од МВР

Протестите против изведбите на Бехтел и Енка во прилепското село Ореовец крај Плетвар добија на интензитет. Мештаните кои се спротиставуваат на ископите за градежен материјал и минирањето на коридорот, а дел од организаторите на блокадите за Телевизија 24 велат дека добиле казни од МВР:

– Бектел и Енка со попициска придружба влезе во ископот, ние се собравме на барикадите, МВР ни пиша прекршочни казни за погрешно паркирање на автомбилот на коловозот и за неизвршување на наредба. Протестот е уредно најавен, а претпоставуваме дека ова е обид на МВР на ваков начин да издејствува непречена рабта на ископот, рече Жарко Стевановски, адвокат и локален активист, за Телевизија 24.

Граѓаните, собрани околу иницијативата наречена Спас за Прилеп, тврдат дека минирањата и експлоатацијата на каменот токму од ова место ќе ги загрозат неколкуте извори на вода за пиење од кои се снабдува селото, и тоа во регион како Прилеп кој хронично кубури со водаснабдување

Back to top button
Close