Граѓани на Белград и Нови Сад блокираат раскрсници, улици и булевари поради апсењата по студенстскиот протест на Видовден


Граѓански т.н. дисперзирани блокади има попладнево во низ речиси цел Белград како и Нови Сад каде според локалните медиуми предизвикан е колапс на сообраќајот. Блокадите се поради апсење студенти и граѓани кои учествуваа во немирите по протестот во саботата на кој повикаа студентите во блокада.

Во Нови Сад голем метеж има на мостот Варадин, на мостот популарниот „Жежељ“ во Нови Сад.Сите булевари во градот се полни со возила што се движат бавно или едноставно стојат во место.

Во Белград ситуацијата е исклучително тешка – граѓаните блокираат една по една улица или булевар. Теразискиот тунел беше блокиран попладнево, но по интевенција на полицијата беше овозможено повторно движење. Час подоцна – повторно беше блокиран тој фрекфентен тунел за сообраќај.Полицијата повторно се рапсоредува таму.
Блокирани се улици во Земун, на Богословија. Граѓаните најчесто преместуваат контејнери за смет на улиците со што ги блокираат или ги блокираат пешачките премини одејќи постојано од едниот до другиот крај на преминот.
Полицијата интервенираше на неколку места во градот.

Блокади се најавени во поголем број за вечерва низ Белград, Нови Сад, Крушевац…

По Еколошкото востание, ДС и Нова ДСС и претседателството на Партијата за слобода и правда донесоа одлука да ги послушаат студентите во блокада.
„ССП нема да учествува во работата на парламентот“
Претходно вчера, студентите во блокадата побараа од пратениците од опозицијата да ја бојкотираат работата на Народното собрание без да го вратат мандатот, потврди Мариника Тепиќ, пратеничка и потпретседателка на ССП, на својот X профил.
Движењето „Крени-Промени“ соопшти дека „дисперзираните блокади“ се тактика што владата тешко може да ја потисне.

„Дисперзираните блокади не се симболичен протест – тоа е вистинската моќ на народот. Кога клучните патишта низ цела Србија се блокирани, корумпираниот систем запира“, соопшти движењето Крени-Промени. За разлика од традиционалните протести, кои се концентрирани во едно градско јадро, дисперзираните протести дозволуваат сообраќајот да биде парализиран на неколку локации истовремено, што дополнително ја комплицира реакцијата на безбедносните служби.

Вишото јавно обвинителство во Белград денеска ја сослуша првата група од 30 осомничени за напади врз припадници на српската полиција и насилното однесување по протестот на 28 јуни одржан на плоштадот Славија во Белград.

Back to top button
Close