Граѓани со поддршка за д-р Ненад Цоневски кој ненамерно згази куче во Бугарија: Беше на првата борбена линија по трагедијата во „Пулс“

„Ние, група на граѓани за поддршка на Д-р Ненад Цоневски и сакаме јавно да ја изразиме нашата морална поддршка за докторот Ненад Цоневски – наш сограѓанин кој е млад и перспективен човек, а кој неодамна ненамерно згазил улично куче во Бугарија — несреќен настан што може да му се случи на секој возач.

Сметаме дека е неправедно овој несреќен случај да се користи за јавна осуда и навреди кон еден човек кој својата кариера и живот ги посветил на помагање на другите. Доктор Ненад Цоневски е првенец на својата генерација, завршил медицински факултет со исклучителен успех и моментално специјализира хирургија. Познат е по својата посветеност, хуманост и скромност“ се вели меѓу другото во писмото испратено од Група за поддршка на д-р Цоневски кој, според нив, е мета на линч од одредена група во Бугарија.

Во писмото уште се вели дека „во најтешките моменти, како што беше трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, тој беше меѓу првите кои понудија помош —од транспортот на повредените на аеродром до давање медицински информации на семејствата, а донираше и крв и финансиски средства за повредените македонски деца низ цела Бугарија. Иако имаше значаен придонес, од своја скромност никогаш не побара јавно признание.

Затоа апелираме до македонската јавност да се воздржи од осуди и навреди и да се потсетиме дека човечноста се покажува токму во моменти кога некој ненамерно направил грешка.

Доктор Ненад Цоневски останува добар, чесен и совесен млад човек кој заслужува поддршка, а не осуда“.

Дел и од бугарските јавни личности даваат поддршка на д-р Цоневски притоа прикажувајќи ја фактичката состојба за случката, според она што сите го видоа на снимката од безбедносните камери:

„Фактите се следниве:

1. Удирање со многу мала брзина

2. По ударот, тој се симнува, гледа и не тргнува. Мислам, збунет е. Ако сакал да тргне, зошто би слегол да погледне?

3. Влегува во колата, го врти воланот и се обидува да го заобиколи кучето. Т.е. нема цел да го прегази. Инаку ќе одеше право напред.

4. Откако беше ослободено – Докторот се обидува да го заобиколи, но кучето завршува под колата. Но, не под задните гуми, туку меѓу нив – т.е. под задниот мост.

Тоа е, имаме многу јасна случајност и искуство на докторот за да ја минимизира штетата. Нема „намера“ и злоба, нема причина да се сатанизира.

Но бидејќи Ѓаволот е во нашите глави, бараме изговор да ги демонизираме другите.

Тука слушам глупости како носење на ветеринар, давање прва помош итн. Ова е апсолутно несоодветно. 99% од луѓето ќе се однесуваат исто како докторот. Никој нема да троши пари на ветеринари, а камоли да го извалка својот автомобил со улично куче“ се вели во постот на Бугарин кој вели:

„Сатанизиравте нормален човек. Ќе му ја земете професијата. Човек студирал за лекар, оценуван од пациенти и колеги и вие – некои сложени измамници, ќе кажете што нема да функционира.

Back to top button
Close